Промени тема
Контакт

Ковачевски: Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, толеранција и помагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-dimitar-123

По повод големиот христијански празник Божиќ, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани кои го слават, до православните христијани.

„Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божиќ. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир.

— реклама —

Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање.

— реклама —

Да продолжиме да негуваме добри мисли, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество.

— реклама —

Христос се роди! Навистина се роди!“, стои во честитката на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања