Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ковачевски за МИА: Беа направени и грешки, но една работа направивме правилно - по членството во НАТО ја задржавме земјата на европскиот пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-22-at-09.22.11

Седум години имавме одговорност да ја водиме Владата на Република Северна Македонија заедно со коалиционите партнери. Во текот на тие 7 години се разбира дека беа направени и грешки. И ако некој во ова студио може да преземе одговроност за тие грешки, тогаш тоа сум јас. Бидејќи тој што работи може и да погреши меѓутоа оној кој ќе ги признае грешките, тоа значи дека може и да се подобри. Пред сѐ тука мислам на потребата за понатамошно унапредување на животниот стандард на граѓаните со оглед на високите цени кои што ги имаме заради војната во Украина, потоа унапредувањето на владеењето на правото и подобра борба против корупцијата и тоа се трите работи кои најмногу ги загрижуваат граѓаните - посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

— реклама —

-Од друга страна направивме една работа исклучително важна и ја направивме апсолутно правилно, зацртавме јасна визија и пат на СМ во ЕУ. Ние донесовме тешки одлуки како коалиција и СДСМ за влез на државата во НАТО. Сега гледаме што значи да се биде земја членка на НАТО во време кога има конфликти на сите страни и во Европа и на блискиот исток. И исто така отпочнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик, заштитена македонска култура и идентетит којшто веќе никој не ги доведува во прашање.

— реклама —

Ние практично како СДСМ, но и лидерите кои ги предводеа и партијата и државата, било тоа да се претседател на држава или премиер на Влада, обезбедивме македонскиот јазик, македонскиот идентитет да станат дел од ООН, дел од НАТО и дел од ЕУ. - рече Ковачевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3497

Ковачевски: Од денеска ставаме печат на уште една голема победа за европска Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_3497

Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања