Ковачевски заслужува шанса, подготвен сум да разговарам ако се изедначат нашите ставови, вели Димитриевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-03-696x465

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното  божиќно интервју за локалната ТВ Плус му посака на Димитар Ковачевски успех и порача дека неговиот став го кажал, а тоа е дека на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни структурни целосни реформи и не му се потребни игри кои ќе бидат во сенка на претходниот лидер или пак ќе бидат продолжена рака на истите.

— реклама —

„Како и да е, човекот заслужува време за да му се даде шанса. Јас разговарам со многу луѓе кои се инволвирани во политика, секогаш сум отворен да седнам на маса и да разговарам со било кој во политичкиот живот, бидејќи политиката е сепак дијалог и се базира врз база на одредени компромиси, но тука сакам да потенцирам барем во овој момент јас не видов ништо различно во ставовите на Ковачевски во однос на претходните ставови коишто господинот Заев или најголем дел од лидершипот на СДСМ ги имаше во минатото. Доколку постои спремност кај Ковачевски да се изедначат нашите ставови, бидејќи моите ставови беа по многу прашања, особено по стратешките прашања, стратешките национални интереси на државата и заштита на македонскиот идентитет и интерес беа

— реклама —

диаметрално спротивни со делот на поранешното раководство, тогаш сум подготвен да седнам и да разговарам, во спротивно сметам дека доколку се работи за исти ставови ние немаме една иста појдовна точка на разговор“, рече Димитриевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања