Ковачки до Спасовски: Од дури 440 фатени дилери, зарем ниту еден не призна кои се главните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
spasovski-kovacki

Во борбата против недозволена трговија со дрога, резултатите во првото полугодие од 2023 година се:372 кривични дела, кривично пријавени 440 сторители, зголемување на заплените на кокаин, амфетамин и екстази: 286 кг марихуана, 7кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3. 532 парчиња екстази, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

— реклама —

На социјалните мрежи во врска со ова реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„На последното промотивно видео на Министерот за внатрешни, истиот тврди дека пријавил 440 сторители - дилери на дрога.

— реклама —

Исто како и за промотивното видео за корупцијата, така и овде, не е важно колку сте пријавиле, туку која е разрешницата - за колку од нив ќе има обвинение и за колку од тие обвиненија ќе има пресуди. На сите ни е јасен одговорот.

Од овде, се поставуваат неколку прашања:

1. Од дури 440 фатени дилери, зарем ниту еден не призна кои се главните, односно кој е главниот за шверцот и дистрибуција на дрогата по улиците, кафе-баровите, дискотеките, хотелите итн.? Пак ли ситни риби ќе одговараат (ако одговараат)?

2. Зошто после 8 години буквално владеење со Министерството за внатрешни, Спасовски сега се сети дека треба да расчистува со дрогата (чистки за превласт?)

3. Колку од пријавените сторители - учесници во дилерство и криење на криминалот, се полициски службеници или вработени во МВР и на кои позиции?

4. Се откри ли "кртот" во врвот на МВР за кој јавно проговори поранешната ЈОГОКК Вилма Русковска, т.е. кој оддава(ше) информации на криминалните банди?

Заклучокот е јасен:

МВР под ова раководство е мртво ткиво и е полно со поединци кои функцијата наместо во државни цели, ја користат за лично богатење и бенефиции на сметка на здравјето на македонската младина.

Поради неспособноста и инволвираноста на поединци на различни позиции во МВР во шверцот со дрога и неговото прикривање, секоја година бројот на нерасветлени убиства по улиците се зголемува.

Доколку сакаме напредок на државата, покрај во правосудниот систем, и во МВР мора да се спроведе целосна демонтажа на криминогените и коруптивни елементи“, вели Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања