🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

објавено пред 4 месеци -

Македонија
koronavirus-korona-kovid-test

Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните наслови, вирусот сè уште е присутен и тоа во форма што лесно се потценува. Симптомите често се прикриени или наликуваат на други сезонски заболувања, што го прави препознавањето потешко. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје и тоа за првата недела од јуни покажува дека во Македонија се потврдени три нови случаи од 140 тестирани материјали, со просечна стапка на позитивност од 1,3 отсто.

— реклама —

Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, но со предупредување дека намаленото тестирање и ограниченото известување го отежнуваат реалното следење на вирусот. Од почетокот на 2025 година во Македонија се евидентирани вкупно 49 заболени, со две починати лица едно во јануари и едно во април. Во истиот период тестирани се 5.631 примерок, а просечната позитивност е 0,9 отсто.

Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

— реклама —

Иако бројките во Македонија се ниски, глобалната епидемиолошка слика покажува дека вирусот продолжува да се прилагодува. Моментално, здравствените власти ги следат двата доминантни соја – Stratus и Nimbus – кои во изминатите месеци брзо го зголемија своето учество меѓу новите случаи.

Од мај до август, процентот на инфекции предизвикани од овие варијанти постојано расте, што укажува на висока преносливост. Според д-р Шерон Нахман од Stony Brook Children’s Hospital, и Stratus и Nimbus се „еднакво добри“ во инфицирање на домаќинот, но засега не се поврзани со потешка клиничка слика во споредба со претходните варијанти. Она што е забележливо е промената во симптомите – кај многу заразени се јавуваат интензивно гребење и болка во грлото, засипнатост и чувство дека „не можат да зборуваат или голтаат“. Овие симптоми, иако непријатни, најчесто не доведуваат до хоспитализација.

Експертите предупредуваат дека двата соја имаат повеќе точки на мутација во однос на оригиналните варијанти од 2020, 2022 и 2023 година. Поголемиот обем на пренос значи и поголема можност за нови мутации, па есенската и зимската сезона може да донесат нов бран со различни соеви.

Ковид во Македонија – сега болеста не предизвикува паника кај пациентите

Фармацевтите велат дека статистиката не ја открива целата слика. Од една скопска аптека за Скопје1 велат дека во последните недели имале пациенти со скриени ковид симптоми, кај дел од нив и со сериозни компликации. Меѓу нив бил и лекар кој по инфекцијата развил перикардит – воспаление на срцевата обвивка.

„Иако ретко се тестираат во лабораторија, има значителен број луѓе кои купуваат тестови за домашна употреба. Ако тестот е позитивен, некои се одлучуваат и за лекови како ивермектин,“ велат од аптеката.

Додаваат дека значителен дел од новите случаи се лица кои се вратиле од одмор, најчесто од Албанија, а освен со ковид, како што велат, има и пациенти со други заразни болести и кожни проблеми.

Во изјава за Скопје1, двајца пациенти кои од пред неколку дена се позитивни на ковид-19 раскажуваат како денес ја доживуваат болеста и како се справуваат со симптомите.

„Сега веќе не е како во 2020-та, не се плашам воопшто. Искрено, мислев дека имам обичен стомачен вирус, имав дијареја и болки во стомакот, но и температура. Не ми падна на памет дека може да е ковид, сè додека не се појави кашлица“, вели Борче А, од Скопје, кој минатата недела се вратил од одмор.

Вториот соговорник пак, кој на 15 август треба да патува, вели дека симптомите биле класични:

„Температура, болки во грлото, омалаксаност...Купив тест од аптека и испадна дека сум позитивен. Се надевам дека ќе оздравам до петок за да можам са патувам, а совен тоа ивермектинот добро ми делува. Ковидот за мене е како дел од секојдневието, како што зборуваа многу епидемиолози, тој постојано ќе биде присутен – непријатно е, но не е онаа паника од порано.“

Ивермектин – лек што предизвика полемики

Ивермектин е антипаразитен лек кој со децении се користи за третман на инфекции предизвикани од различни паразити – како што се цревни нематоди и кожни паразитни заболувања, вклучувајќи шуга – и кај луѓето и кај животните. Развиен во доцните 1970-ти години, овој лек се смета за едно од значајните откритија во медицината, а доби и признание од

Светската здравствена организација (СЗО) поради својата ефикасност против одредени тропски заболувања. За време на пандемијата на ковид-19, ивермектинот привлече внимание поради првични лабораториски истражувања кои сугерираа можен антивирусен ефект врз SARS-CoV-2.

Ова доведе до широка, но често неконтролирана употреба во некои земји, иако голем број клинички студии и анализи, вклучително и од СЗО, Европската агенција за лекови (EMA) и Американската FDA, утврдија дека нема доволно докази за неговата ефикасност во превенцијата или лекувањето на ковид-19.

Здравствените власти предупредуваат дека неправилната употреба на ивермектин, особено во повисоки дози од препорачаните, може да предизвика сериозни несакани ефекти – како оштетување на црниот дроб, невролошки симптоми и интоксикација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања