Италијанската полиција се обидува да фати крадец со помош на отпечаток од прст, кој осомничениот случајно го отсекол при грабежот.
Крадецот бегајќи успеал да си го отсече прстот на бодликавата жица. Полицијата се надева дека наскоро ќе се предаде.
Имено, повредениот крадец го замолил својот пријател да се врати на местото на злосторството во фабрика во Милано и да го бара отсечениот прст, за да ја земе бурмата. Пријателот го видел чуварот кој веднаш му пришол на човекот и го прашал што бара.
Според чуварот, мажот му рекол дека „го пратил пријател да му најде бурмата, која ја изгубил“.
Пред да дојде полицијата на лице место, мажот побегнал, бидејќи во близина на фабриката го чекал возач во автомобил.
Полицијата соопшти дека пронашла прст, но не кажа дали ја нашла и бурмата.
Безбедносните камери го снимиле моментот на обидот за кражба во фабриката. На снимката се гледаат двајца мажи како скокаат бодликава жица, но набрзо се откажале од грабежот бидејќи ги виделе чуварите. Додека повторно ја прескокнувале жицата за да избегаат, еден од крадците му се отсекол прстот.
Прстот се чува во мртовечница и ќе биде таму додека крадецот не биде идентификуван.