„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Kraftwerk на 25 јули во Скопје: електронските визионери со голем концерт на Стадионот на АРМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-library46c95aps76hu1pgi7Yc

Легендарниот германски состав Kraftwerk, еден од највлијателните бендови во историјата на современата музика, ова лето доаѓа во Скопје. Во организација на „Авалон продукција“, електронските визионери ќе настапат на 25 јули на Стадионот на АРМ, како дел од нивната нова светска турнеја „Multimedia 2026“, која Скопје го вклучува рамо до рамо со најголемите светски метрополи.

— реклама —

Kraftwerk се бенд без кој современата музика тешко може да се замисли во формата што ја познаваме денес. Нивното влијание се протега низ електронската музика, техно-попот, синт-попот, хип-хопот, па сè до рокот и попот, а нивниот уметнички отпечаток е препознаен и институционално, со Grammy Lifetime Achievement Award и членство во Rock & Roll Hall of Fame. Повеќе од пет децении по нивните први чекори, Kraftwerk и понатаму остануваат симбол на иновација, визија и постојано преиспитување на односот меѓу човекот и технологијата.

Во време кога вештачката интелигенција станува составен дел од секојдневието и кога технологијата сè подлабоко навлегува во човечката реалност, Скопје ќе биде домаќин на бендот што уште пред децении ја отвори токму таа дилема – симбиотската врска меѓу машината и човекот. Kraftwerk не се само музички состав, туку целосен уметнички концепт во кој звукот, визуелниот идентитет, технологијата и сценскиот настап функционираат како единствено, кохерентно дело.

— реклама —

Нивното влијание одамна ги надмина жанровските граници. По Битлси, според многу музички критичари, Kraftwerk се сметаат за можеби највлијателниот бенд во историјата на популарната музика. Како инспирација ги наведуваат бројни светски ѕвезди, меѓу кои Daft Punk, Depeche Mode, David Bowie и Kanye West, што дополнително ја потврдува нивната клучна улога во развојот на современиот музички израз.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во среда, 28 јануари, од 10 часот, преку платформата avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ целата држава. Цената за партер ќе изнесува 1.990 денари, додека фан-пит влезниците ќе чинат 2.990 денари, со ограничен контингент од 1.000 билети.

Со овој концерт, Скопје добива редок и значаен музички настан, а публиката можност во живо да го доживее бендот кој засекогаш ја промени музиката, сценскиот настап и начинот на кој ја разбираме врската меѓу уметноста и технологијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

armin-sempre

(Видео) Битола под ритамот на Армин ван Бурен: „Sеmpre msuic“ ја загреа сцената на „Битола Опен Ер“

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-21.43.03

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Магазин | пред 6 месеци

38230711_2173916715969677_4848593373637902336_n

Објавено кој ќе настапува на Ohrid calling

Магазин | пред 3 години

sara-senidah_web-10

Голем концерт на Сенида и Сара Јо во Скопје

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања