Промени тема
Контакт

(Видео) Крај на ера, Орбан го призна поразот: „Резултатите се болни, но јасни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryu214mcll5upgaWlm8sI

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, го призна поразот на парламентарните избори, оценувајќи дека резултатите се „болни, но јасни“.

Во своето обраќање, Орбан истакна дека одговорноста и можноста за владеење овојпат не им биле дадени, додавајќи дека веќе ѝ честитал на победничката партија.

„Резултатите сè уште не се целосни, но се болни за нас и јасни. Му честитав на победникот. Ви благодарам на сите за огромната работа. Никогаш не сме работеле толку многу во една кампања“, изјави Орбан.

— реклама —

Тој нагласи дека Фидес успеал да мобилизира околу два и пол милиони гласачи, но тоа не било доволно за победа.

— реклама —
— реклама —

Орбан порача дека неговата партија ќе продолжи да ѝ служи на државата од опозиција, додавајќи дека времето ќе покаже какво значење ќе има овој изборен резултат за иднината на земјата.

„Ние, како опозиција, ќе ѝ служиме на нашата татковина и на унгарскиот народ“, рече Орбан, означувајќи почеток на нова политичка фаза во Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryootjvsnqq64e6HdjGuL

Кредитот од 1 милијарда евра за Македонија под истрага во Унгарија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryivvmaj7g2c9fcuyqGQf

Унгарскиот премиер Петер Маѓар најавува побрзи кривични постапки: „Неприфатливо е предмети да траат 5 до 10 години“

Свет | пред 2 седмици

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Голем пресврт во Унгарија: Новата влада ја прогласи Русија за закана

Свет | пред 2 седмици

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Се урна воен авион во Унгарија, пилотот успеал да се катапултира

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања