Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
netanjahu

Израелскиот парламент, Кнесетот, го поддржа Гади Ајзенкот, лидер на партијата Јашар и политички противник на Бенјамин Нетанјаху, за премиерската функција. Според бројките што ги објави претседателот на Израел, Исак Херцог, за Ајзенкот се изјасниле 67 од вкупно 120 пратеници, додека поддршка за Нетанјаху дале 46.

— реклама —

Ајзенкот е поранешен началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили и има 40 години воено искуство. За време на војната во Газа ги загубил синот и двајца внуци. Во 2024 година се повлекол од воениот кабинет на Нетанјаху, обвинувајќи го премиерот дека ги става политичките интереси пред воените цели.

— реклама —
— реклама —

Доколку ја преземе функцијата, Ајзенкот би го наследил Нетанјаху, кој со прекини ја извршува премиерската должност вкупно 19 години, подолго од кој било друг израелски премиер. Нетанјаху првпат ја презеде функцијата пред 30 години, а неговиот трет мандат започна во декември 2022 година.

— реклама —

Ајзенкот изјави дека неговата партија се обединила со цел да го отстрани Нетанјаху од власта, оценувајќи дека тој веќе нема поддршка од мнозинството во Кнесетот. Најави дека ќе дејствуваат брзо за да спречат предвремени избори и продолжување на владеењето на Нетанјаху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 4 дена

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања