Промени тема
Контакт

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
jsp-avtobus

Со почетокот на новата учебна година, јавниот градски превоз во Скопје од 1 септември се враќа на зимскиот режим на сообраќање.

— реклама —

ЈСП Скопје информира дека од 1 септември 2026 година започнува примената на зимскиот возен ред на градските и приградските линии.

— реклама —

Од претпријатието ги повикуваат патниците навреме да ги проверат термините на поаѓање на линиите што ги користат, особено поради очекуваното зголемување на бројот на патници со почетокот на учебната година и завршувањето на годишните одмори.

Актуелните возни редови за градските и приградските линии се достапни на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје, каде што патниците можат да ги проверат времињата на поаѓање за секоја линија.

— реклама —

Со воведувањето на зимскиот возен ред завршува летниот режим, кој во текот на јули и август предвидуваше намален број поаѓања на дел од линиите.

Промената на режимот се совпаѓа со почетокот на новата учебна година, период во кој се очекува зголемен интензитет на јавниот превоз во главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 1 седмица

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryda4vmgc1bqtd8h7b7Nk

Од 1 септември ЈСП Скопје воведува зимски возен ред

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања