Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Крај Вардарот џез“ вечерва во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин

Вечерва е последната вечер од второто издание на „Крај Вардарот џез“. Овогодишното издание на фестивалот ќе го затворат две есенцијални имиња на „PMG Jazz“, кои со својата свежина и квалитет ја исполнуваат нашата локална, но и регионална сцена.

Такси Конзилиум/Taxi Consilium е составен од неколку извонредни млади џез-музичари, а предводен од гитаристот и композитор Филип Букршлиев. Квалитетот на нивната музика и зрелата изведба се на завидно ниво, токму како во вашите фантазии за легендарните џез-херои. Нивниот албум “The Essential Sunday Gloom” е прогласен за џез-албум на месецот мај 2021 од водечката светска платформа за продажба на музика bandcamp. Тоа ја заокружува приказната за овие наши талентирани музичари со очигледен глобален потенцијал.

— реклама —

Дино Имери e доста познато име на нашата сцена, но сѐ почесто гостува и на регионалните и европски сцени. Тој веќе компонираше, отсвири и издаде еден албум за „PMG Jazz“, а за почетокот на 2022 се очекува и ново издание. Неверојатно талентиран, култивиран и позитивен музичар и човек, кој вреди да се проследи во сите негови инкарнации.

Настанот ќе започне во 20 часот во сала Фросина.

— реклама —

Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол на организирање настани во затворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања