Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кралот Чарлс првпат реагира за случајот Епстин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryolrkgog0bl6texABNU9

Кралот Чарлс првпат јавно реагираше на скандалот поврзан со Џефри Епстин, порачувајќи дека Бакингемската палата е подготвена да ѝ пружи целосна поддршка на полицијата која ги разгледува наводите против неговиот брат, поранешниот принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор, објави Би-би-си.

— реклама —

„Кралот, и со зборови и со дела, јасно ја изрази својата длабока загриженост поради постојаните обвинувања поврзани со однесувањето на господинот Маунтбатен-Виндзор“, соопшти портпарол на Бакингемската палата, додавајќи дека доколку полицијата се обрати, палатата ќе соработува целосно.

Реакцијата следува откако британската полиција потврди дека врши проценка на пријава поднесена од антимонархистичката група „Република“, која го пријави Ендрју за сомнеж за злоупотреба на службена положба и можно кршење на Законот за службени тајни.

— реклама —

Случајот повторно ја отвори темата за врските меѓу Ендрју и осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Полицијата наведува дека ги разгледува наводите според кои Ендрју во 2010 година наводно споделувал доверливи информации со мрежата на Епстин, додека ја извршувал функцијата британски трговски пратеник. Овие сомнежи се засилени по објавата на електронска кореспонденција во американски судски документи.

Дополнително внимание привлече и контроверзната фотографија на Ендрју со Вирџинија Џуфре од Лондон во 2001 година, која таа ја користеше како доказ во своите обвинувања за сексуално злоставување. Според документи објавени од американското Министерство за правда, електронска порака од 2015 година сугерира дека фотографијата е автентична, што е спротивно на претходните тврдења на Ендрју.

Притисокот околу случајот со Епстин веќе имаше сериозни последици за британското кралско семејство. Ендрју ги загуби сите титули и привилегии, вклучително и титулата принц. Тој ги отфрла сите обвинувања и не признава вина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Кралот Чарлс е болен: Ова се нови информации за неговата состојба

Магазин | пред 1 година

makron-caarls

Вечерата на британскиот крал Чарлс отвори дупка во буџетот на Макрон: Чинеше речиси половина милион евра

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Кралот Чарлс купи стан во Њујорк: Причината изненади многумина

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Кралот Чарлс испратил приватно писмо до Трамп по атентатот

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања