„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кралот Чарлс: Тажен сум што нема да присуствувам на прославата на Велики четврток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

Откако му беше дијагностициран рак, британскиот монарх избегнуваше големи јавни собири.

— реклама —

Во видео порака, снимена пред неколку недели, кралот Чарлс Трети зборува за својата „голема тага“ што нема да присуствува на традиционалната верска служба што се одржува секоја година на Велики четврток.

Пораката ќе биде пуштена за време на службата во катедралата Ворчестер.

— реклама —

Тој повеќе не присуствува на јавни настани бидејќи се лекува од рак.

Наместо него, на церемонијата е кралицата Камила, каде што дели чисти пари, симболични сребрени монети.

Во пораката британскиот монарх ја повторил заклетвата „дека нема да му служи, туку ќе биде во служба на другите со целото свое срце“.

Тој особено ги пофали „оние кои ја подаваат раката на пријателството, особено во време на неволја“.

„Многу сум тажен што денеска нема да бидам со вас“, додаде тој.

75 мажи и исто толку жени ќе добијат сребрени монети, што симболично се совпаѓа со возраста на кралот.

Во пораката, снимена во средината на март, кралот цитирал и делови од Библијата.

„Потребни ни се и важни оние кои подаваат рака на пријателство, особено во тешки времиња“, рече тој.

Кралот Чарлс не се појавува на големите јавни собири, но најавено е дека ќе присуствува на Велигденската богослужба во недела, во капелата Свети Џорџ во Виндзор.

Тоа ќе биде помал собир во споредба со Велигден, но принцот од Велс, Кејт и децата нема да присуствуваат, бидејќи принцезата, на која и е дијагностициран рак, продолжува да закрепнува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Кралот Чарлс е болен: Ова се нови информации за неговата состојба

Магазин | пред 1 година

makron-caarls

Вечерата на британскиот крал Чарлс отвори дупка во буџетот на Макрон: Чинеше речиси половина милион евра

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Кралот Чарлс купи стан во Њујорк: Причината изненади многумина

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Кралот Чарлс испратил приватно писмо до Трамп по атентатот

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања