„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кратка средба Путин – Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имале кратка средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советник во Кремљ, Јуриј Ушаков.

— реклама —

Ушаков потенцираше дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.

– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите, наведе Ушаков.

— реклама —

Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.

Извесен период пред одржување на самитот на Г-20 во Аргентина двајцата лидери најавија дека ќе одржат состанок на маргините на самитот. Но по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени три украински брода и неколку морнари, Трамп ја откажа средбата.

Во исто време, официјален претставник на Белата куќа, кој побарал да остане анонимен, го негира извештајот дека Трамп планирал краток состанок со Путин по откажувањето на плановите за подолга билатерална средба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања