„Кражба на деценијата - Вредноста на АД Славија е над 20 милиони евра, додека Заев и пиунот Ковачевски ја продаваат за нешто над 200.000 евра. Само административната зграда со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. А претпријатието има и друг броен имот за кој деновиве ќе зборуваме и ќе објавиме во јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„АД Славија минатата година имала приходи од над 800.000 евра, односно лани друштвото имало 4 пати поголем профит од тоа што денес Заев и пиунот Ковачевски го бараат како сума за продажба. Власта на пиунот Ковачевски и Заев го раскрчмува имотот на АД Славија затоа што тој им е ветен на бизнис моќници кои градат станови и вршат бетонизација на Скопје“, додаваат тие.