На 25.10.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 20.52 часот во аптека на бул„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.10.2021 околу 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на маркет во с.Ново село, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка со употреба на тврди предмети помеѓу М.Т.(63) од с.Ново Село и Д.Б.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.