Промени тема
Контакт

Кремљ: ЕУ се однесува како „банда“ со плановите за рускиот имот кој е замрзнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Земјите членки на Европската унија што размислуваат да го искористат замрзнатиот руски имот за поддршка на Украина се однесуваат како „криминална банда“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „RT“.

— реклама —

На неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген лидерите разговараа за можноста да ѝ обезбедат на Украина заем од 140 милијарди евра, кој би бил гарантиран со средствата на руската централна банка, замрзнати поради санкциите.

Белгискиот премиер Барт де Вевер, во чии банки е складирана најголемата сума од руските средства во Европа, предупреди дека „нема бесплатни пари и секогаш постојат последици“. Тој побара сите земји да преземат одговорност доколку ваквиот потег донесе правни проблеми.

— реклама —

Песков пак оцени дека дискусиите во ЕУ „личат на план за пљачка“. „Едни стојат на стража, други крадат, трети бараат одговорност да се подели. Но сите ќе сносат правна и друга одговорност“, изјави тој.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ додаде дека конфискацијата би го нарушила довербата во неповредливоста на сопственоста и предупреди дека „бумерангот силно ќе ги погоди“ токму земјите каде што се чуваат депозитите.

По почетокот на руската инвазија во 2022 година, Западот замрзна околу 257 милијарди евра руски средства, од кои 210 милијарди се во Европа. Најголемиот дел – околу 185 милијарди евра – е во белгискиот систем „Euroclear“ во Брисел.

— реклама —

Додека трае правната расправа околу конфискацијата, ЕУ веќе почна да ги насочува каматите од овие средства кон Украина, а досега во Киев се префрлени околу 4 милијарди евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library26scnd66r9ta0NGDh9K

Почина 28-годишна Русинка, речиси 200 лица во изолација по сомнеж за белодробна чума

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-library3eg7v59cg1ijbGsuZf1

Русија погоди товарен брод кај Одеса: Еден морнар загина, тројца се повредени

Свет | пред 16 часа

media-library1aqpod5785q8dxozAus

Русија упати предупредување до странските дипломати во Украина: „Напуштете ја земјата“

Свет | пред 21 час

media-library80r36j4ah7lscADtZfe

(Видео) Путин следеше воена вежба со 47.000 војници, учествуваа и единици од Кина

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања