Промени тема
Контакт

ПЕСКОВ

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Москва за најавите од Иран: Не се согласуваме, очекуваме објаснување

Москва не би сакала Иран да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ), изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, додавајќи дека Кремљ очекува дополнително објаснување од Техеран.„Кремљ ги слушна изјавите од Техеран во врска со плановите на Иран да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Се надеваме дека Иран ќе остане важна и одговорна страна на овој договор“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.Неговата изјава следува откако заменик-пре

Свет | пред 4 дена

kremlj-moskva

Песков по оставката на Вучиќ: Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци

Кремљ се огласи по оставката на Александар Вучиќ од функцијата претседател на Србија, при што портпаролот Дмитриј Песков порача дека односите меѓу Русија и Србија се поважни од односите со поединци.Песков за руските медиуми изјави дека Москва очекува продолжување на конструктивниот развој на односите со Белград во сите области, независно од оставката на Вучиќ.„Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци“, изјави Песков, одговарајќи на прашање дали Русија очекува да ги задржи

Свет | пред 6 дена

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Русија очекува укинување на санкциите за извоз на енергенси

Укинувањето на руската забрана за извоз на дизел не зависи само од состојбата со снабдувањето на домашниот пазар, туку и од укинувањето на санкциите за увоз на руските енергенси, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Руската Влада уште кон крајот на јануари воведе забрана за извоз на дизел за трговците, а во средината на јули мерката ја прошири и на производителите. Како причина беше наведена потребата од обезбедување доволни количини за домашниот пазар во периодот на жетвата, во усл

Свет | пред 1 седмица

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Наместо руски гас, Германија купува поскапи енергенси

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека падот на конкурентноста на германската економија во голема мера е поврзан со одлуката на Берлин да престане да купува руски гас и да се префрли на поскапи енергенси од други земји, пред сè од САД.„Забележавме дека падот на конкурентноста на германската економија главно е последица на фактот што Германија престана да купува евтин руски гас. Наместо тоа, почна да купува многу скап гас од други земји, пред сè од САД“, рече Песков, пренесе РИА Новост

Свет | пред 1 седмица

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: Огромни количества нафта исчезнуваат од светскиот пазар

Ситуацијата на глобалните пазари на нафта брзо се влошува поради нестабилноста во Персискиот Залив, а големи количества нафта се повлекуваат од меѓународната понуда, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој на брифингот за новинарите во Москва истакна дека од пазарот исчезнува огромно количество нафта, пишува „Анадолу“.„Само поради прекинот на работата на нафтоводот во Саудиска Арабија, од глобалниот пазар исчезнаа повеќе од четири отсто од светските залихи. Тоа неизбежно

Свет | пред 2 седмици

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Кремљ: Европа сама си нанесува штета со високите цени на гасот

Кремљ оцени дека Европа се соочува со сериозни проблеми поради растот на цените на природниот гас, при што од Москва порачаа дека европските земји би можеле да набавуваат руски гас по поповолни услови.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека европските земји сами си создаваат дополнителни трошоци со набавката на гас по актуелните пазарни цени, наместо да ја разгледаат можноста за руски енергенси.„Европа сама си нанесува штета“, порача Песков.Цените на природниот гас во Европа, под влија

Свет | пред 3 седмици

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков потврди: Шефот на ЦИА имал контакти со руските разузнавачи, но не се сретнал со Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, за време на вчерашната посета на Москва имал контакти со руски разузнавачки претставници, но категорично ги отфрли информациите дека се сретнал со Владимир Путин.Песков изјави дека рускиот претседател бил информиран за контактите, но засега нема планирани нови средби на ниво на Кремљ со американски претставници.„Имало контакти преку разузнавачките служби. Можам да ве уверам дека немало средби со рускиот претседате

Свет | пред 1 месец

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков со тврдење за состојбата во Украина: „Киевскиот режим се распаѓа однатре“

Кремљ засега не планира нови контакти на високо ниво со американски претставници, но Москва потврдува дека постојат комуникации меѓу разузнавачките служби на двете земји.Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во моментов нема договорени средби на ниво на Кремљ со американски претставници. Тој истовремено потврди дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, имал контакти со руски разузнавачки претставници.„Имаше контакти преку разузнавачките служби. Можам да ве уверам дека немало с

Свет | пред 1 месец

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Брисел со јасна порака до сопругата на Песков: „Многу, многу сме сигурни“

Европската Унија смета дека сите индивидуални санкции што ги воведе, вклучително и оние против Татјана Навка, сопругата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се оправдани и засновани на цврсти докази.Портпаролот на Европската комисија, Ануар ел Ануни, изјави пред новинарите дека ЕУ смета оти Навка оправдано се наоѓа на листата на санкционирани лица, пренесува „Украинска правда“.На прашањето колку Европската комисија е сигурна во оправданоста на санкциите против сопругата на Песков, Ел Ануни о

Свет | пред 2 месеци

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Изјавите на новиот командант на украинската армија се неприфатливи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска остро ги осуди изјавите на новиот главнокомандувач на украинската армија, Михаило Драпати, оценувајќи ги како „монструозни“, пренесува руската државна агенција „Спутник“.Според Песков, изјавите на Драпати покажуваат дека тој е, како што рече, „нацист“ и дека луѓето со такви ставови нема да дозволат претставниците на украинските власти да дојдат до мирно решение на конфликтот.„Што се однесува до Драпати, неговата изјава е монструозна. Тоа, пред сè, по

Свет | пред 2 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков до Вашингтон: „За танго се потребни двајца“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше актуелната состојба во односите меѓу Русија и САД, истакнувајќи дека „за танго се потребни двајца“ и дека официјалните претставници во Вашингтон во моментов не се подготвени за таков чекор.„За танго се потребни двајца, а Американците сè уште не го сакаат тоа“, изјави Песков во интервју за Централната кинеска телевизија, додавајќи дека Москва по ова прашање останува трпелива и дека „не брза“, пренесува РИА Новости.Зборувајќи за улогата на САД в

Свет | пред 3 месеци

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Кремљ: Ерменија ризикува да изгуби многу атрактивна цена за рускиот гас

Кремљ предупреди дека Ерменија би можела да ја изгуби „многу атрактивната“ цена што ја плаќа за рускиот гас доколку се оддалечи од интеграцијата со Русија и се приближи кон Европската Унија.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Ерменија во моментов добива гас по „повластени услови“, но таквите цени не важат за земји што се дел од други интеграциски рамки.„Постои многу, многу атрактивна и повеќе од повластена цена за рускиот гас. Но, секако, тие услови не се достапни за учесници во др

Свет | пред 4 месеци

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков ги демантира тврдењата за тајна кинеска обука на руски војници

Кремљ ги отфрли како „лажни вести“ тврдењата објавени од Ројтерс дека кинеската војска тајно обучувала околу 200 руски војници, од кои дел подоцна биле испратени на фронтот во Украина.Според Ројтерс, кој се повикува на руско-кинески договор од јули 2025 година, руските војници требало да поминат обука во воени објекти во Пекинг и во градот Нанџинг, додека договорот предвидувал и обука на кинески војници во Русија.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на извештајот со оценка дека западн

Свет | пред 4 месеци

189145_peskov_f

Песков: Не треба да се споредуваат посетите на Путин и Трамп во Пекинг

Кремљ порача дека нема смисла да се споредува свечениот пречек на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг со посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина минатата недела.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека поважно е да се анализира содржината на разговорите отколку церемонијалните детали.„Има смисла да се споредува содржината“, изјави Песков за руската државна телевизија, одговарајќи на прашање за можните споредби меѓу двете посети.„Не е секогаш лесно да се споре

Свет | пред 4 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: За „трагедијата во Украина“ виновен е „киевскиот режим“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските власти ветувале дека ќе ја запрат војната, но, според него, постапувале спротивно, оценувајќи дека за војната во Украина „одговорен е киевскиот режим“.Во своето обраќање, Песков рече дека украинското раководство, според неговата оценка, ја турнало сопствената земја „во катастрофа“ и дека „трагедијата што се одвива таму“ е создадена со нивни раце. Тој додаде дека, како што наведе, „киевскиот режим“ во својата пропаганда „никогаш не дон

Свет | пред 4 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Русија не планира излез од ОПЕК+, порача Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија нема намера да го напушти ОПЕК+, нагласувајќи дека форматот придонесува за стабилност на глобалните енергетски пазари.Песков посочи дека преку механизмот на ОПЕК+ се овозможува намалување на флуктуациите на цените на нафтата и поголема предвидливост на пазарите.Тој се осврна и на одлуката на Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ја како суверена, и нагласи дека Москва ја почитува, при што изрази очекување за продолжување на соработката и

Свет | пред 5 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: Русија го почитува изборот на унгарските граѓани

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги резултатите од парламентарните избори во Унгарија, изјави дека земјата го направила својот избор и дека Русија го почитува.Тој истакна дека Москва е заинтересирана за градење добри односи со Унгарија, како и со сите европски земји, додавајќи дека, според него, реципроцитет во односите со дел од Европа сè уште недостасува, но дека Русија останува отворена за дијалог.Песков наведе дека Русија очекува продолжување на прагматичната соработка со н

Свет | пред 5 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Пути

Свет | пред 8 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: Грешка е што ја демонзираат Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Полска и балтичките земји поради некои причини се плашат од Русија и ја демонзираат, што според него претставува голема грешка.Тој нагласи дека постојат земји со кои Русија со векови има „дефицит на пријателски чувства“.„Да ја земеме на пример, Полска. Навистина имаме проблеми со Полска. Навистина имаме проблеми со Балтикот. Од некоја причина, тие постојано се плашат од нас и не демонзираат. Секој што таму ќе дојде на власт започнув

Свет | пред 8 месеци

IMG_2199

Песков: Повлекувањето од Донбас е клучен услов за завршување на конфликтот

Русија денеска соопшти дека и натаму бара Украина да ги повлече своите вооружени сили од источниот дел на земјата како предуслов за решавање на конфликтот, во пресрет на разговорите во Абу Даби меѓу руски, украински и американски претставници.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалното прашање останува главната нерешена точка и дека ќе биде на дневен ред на преговорите што ќе се одржат во петок и сабота. Ова ќе бидат првите директни разговори меѓу Москва и Киев поврзан

Свет | пред 8 месеци

189145_peskov_f

Кремљ: „Нема официјална верзија од новиот мировен предлог“

Руското раководство соопшти дека сè уште нема добиено ажуриран документ од мировниот план што американските и украинските претставници го разгледуваа за време на викендот во Женева.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утрово изјави дека Москва внимателно ги следи информациите за разговорите и дека е свесна оти во предлогот биле направени одредени измени во однос на верзијата што Русија ја добила претходно.Според Песков, официјална комуникација засега нема:„До овој момент немаме примено никаква

Свет | пред 10 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: ЕУ се однесува како „банда“ со плановите за рускиот имот кој е замрзнат

Земјите членки на Европската унија што размислуваат да го искористат замрзнатиот руски имот за поддршка на Украина се однесуваат како „криминална банда“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „RT“.На неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген лидерите разговараа за можноста да ѝ обезбедат на Украина заем од 140 милијарди евра, кој би бил гарантиран со средствата на руската централна банка, замрзнати поради санкциите.Белгискиот премиер Барт де Вевер, во чии банки е складирана најголема

Свет | пред 1 година

peskov-putin1

Песков: Путин и Трамп имаат интерес за мирно решение на украинското прашање

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика

Свет | пред 1 година

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: Трамп е емотивен околу Украина – и тоа е разбирливо

Кремљ соопшти дека претпоставува оти американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму вложува напори за изнаоѓање решение за конфликтот во Украина, и покрај неговата изјава дека рускиот претседател Владимир Путин го „изневерил“ со своите постапки.Трамп неколку пати досега изрази разочараност поради продолжените руски напади врз украински цели, иако, како што тврди, се обидувал да посредува во пронаоѓање мирно решение. Во четвртокот, на заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Ста

Свет | пред 1 година

189145_peskov_f

Москва негира вмешаност во GPS-инцидентот со авионот на Урсула фон дер Лајен

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, категорично негираше дека Русија има каква било вмешаност во нарушувањето на GPS-навигациските системи на авионот кој ја превезувал претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при нејзината посета на Бугарија.„Информациите ви се невистинити,“ изјави Песков за британскиот Financial Times, пренесе агенцијата ТАСС.Според извештаите, при слетувањето на аеродромот во Бургас навигацискиот систем на авионот бил нарушен, поради што пило

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања