Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Песков по оставката на Вучиќ: Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
kremlj-moskva

Кремљ се огласи по оставката на Александар Вучиќ од функцијата претседател на Србија, при што портпаролот Дмитриј Песков порача дека односите меѓу Русија и Србија се поважни од односите со поединци.

— реклама —

Песков за руските медиуми изјави дека Москва очекува продолжување на конструктивниот развој на односите со Белград во сите области, независно од оставката на Вучиќ.

„Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци“, изјави Песков, одговарајќи на прашање дали Русија очекува да ги задржи добрите односи со Србија и дали е подготвена да ги гради со кој било лидер на земјата.

— реклама —

Тој додаде дека ќе продолжат контактите со политичкото раководство и економските субјекти во Србија.

— реклама —

Песков потсети и на неодамнешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Вучиќ, во кој, како што наведе, биле разменети детални информации за актуелната ситуација.

Во разговорот со Путин во саботата, Вучиќ изразил благодарност за 14-годишната соработка и надеж дека идните српски претседатели ќе водат одговорна надворешна политика, одржувајќи „одредена рамнотежа меѓу сите фактори на меѓународната сцена“.

Вучиќ, кој синоќа поднесе оставка од функцијата претседател на Србија, денеска ја предаде должноста на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ. Таа ќе ја извршува функцијата в. д. претседател до изборот на нов шеф на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Москва за најавите од Иран: Не се согласуваме, очекуваме објаснување

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Русија очекува укинување на санкциите за извоз на енергенси

Свет | пред 3 седмици

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Наместо руски гас, Германија купува поскапи енергенси

Свет | пред 1 месец

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Брисел со јасна порака до сопругата на Песков: „Многу, многу сме сигурни“

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања