Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Песков: Повлекувањето од Донбас е клучен услов за завршување на конфликтот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
IMG_2199

Русија денеска соопшти дека и натаму бара Украина да ги повлече своите вооружени сили од источниот дел на земјата како предуслов за решавање на конфликтот, во пресрет на разговорите во Абу Даби меѓу руски, украински и американски претставници.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалното прашање останува главната нерешена точка и дека ќе биде на дневен ред на преговорите што ќе се одржат во петок и сабота. Ова ќе бидат првите директни разговори меѓу Москва и Киев поврзани со американскиот план за надминување на конфликтот.

— реклама —

Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, изјави дека повлекувањето на украинските сили е суштински услов. „Украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас, мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, порача Песков, додавајќи дека без решавање на територијалното прашање е бесмислено да се очекува склучување долгорочен договор.

— реклама —

Русија бара повлекување на украинските сили од Донбас, индустриски и рударски регион во источна Украина кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск. Нејзините барања особено се однесуваат на Доњецката област, која Русија делумно ја контролира и која и натаму останува епицентар на борбите.

— реклама —

Средбата во Абу Даби треба да се одржи еден ден по две средби на највисоко ниво – разговорите во Давос меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, како и средбата во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye00b4sg9vormbcLok01

(Видео) Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала

Свет | пред 13 часа

— реклама —
kremlj-moskva

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Естонија за руска саботажа: „Немате докази“

Свет | пред 14 часа

zaharova-51235

Захарова удри по НАТО: Европа би била побезбедна без Алијансата

Свет | пред 1 ден

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања