Промени тема
Контакт

Песков: Изјавите на новиот командант на украинската армија се неприфатливи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q
wikimedia commons

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска остро ги осуди изјавите на новиот главнокомандувач на украинската армија, Михаило Драпати, оценувајќи ги како „монструозни“, пренесува руската државна агенција „Спутник“.

— реклама —

Според Песков, изјавите на Драпати покажуваат дека тој е, како што рече, „нацист“ и дека луѓето со такви ставови нема да дозволат претставниците на украинските власти да дојдат до мирно решение на конфликтот.

— реклама —

„Што се однесува до Драпати, неговата изјава е монструозна. Тоа, пред сè, покажува дека е нацист. А потоа покажува дека тој и луѓето слични на него нема да дозволат кој било од режимот во Киев да постигне мирно решение“, изјави Песков.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, ваквите изјави ја потврдуваат исправноста на, како што Русија ја нарекува, „специјалната воена операција“ и изрази уверување дека Драпати ќе одговара за своите зборови.

— реклама —

Според „Спутник“, Драпати изјавил дека Русите се „нација која нема право на постоење“, а за жителите на Донбас рекол дека не се свесно население, туку луѓе кои не сакаат да работат и очекуваат сè да добијат бесплатно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Москва за најавите од Иран: Не се согласуваме, очекуваме објаснување

Свет | пред 5 дена

— реклама —
kremlj-moskva

Песков по оставката на Вучиќ: Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци

Свет | пред 6 дена

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Русија очекува укинување на санкциите за извоз на енергенси

Свет | пред 1 седмица

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Наместо руски гас, Германија купува поскапи енергенси

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања