Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

— реклама —

„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Путин за непосредна средба на мировни преговори во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.

— реклама —

Зеленски претходно денес во видео-изјава објави дека е подготвен за средба со Путин во Киев, на што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека Путин повеќепати претходно изјавил дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е отворен за дијалог.

— реклама —

Украинскиот претседател денес изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја исклучи можноста таквата средба да се одржи во Москва или Белорусија, повикувајќи го Путин да дојде во Киев „ако смее“.

— реклама —

„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Може исто така да го повикам во Киев – нека дојде. Јавно го повикувам, ако смее, секако“, рече Зеленски, пренесе Униан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 1 ден

media-library1an1sk40d3kge8nXcYm

(Видео) Украина тврди: Русија подготвува уништување на сите стратешки мостови на Днепар

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања