Промени тема
Контакт

Песков ги демантира тврдењата за тајна кинеска обука на руски војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q
wikimedia commons

Кремљ ги отфрли како „лажни вести“ тврдењата објавени од Ројтерс дека кинеската војска тајно обучувала околу 200 руски војници, од кои дел подоцна биле испратени на фронтот во Украина.

— реклама —

Според Ројтерс, кој се повикува на руско-кинески договор од јули 2025 година, руските војници требало да поминат обука во воени објекти во Пекинг и во градот Нанџинг, додека договорот предвидувал и обука на кинески војници во Русија.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на извештајот со оценка дека западните медиуми објавуваат голем број лажни информации.

„Медиумите во Европа и САД објавуваат многу лажни информации. Тоа е проблем со кој се соочуваме и таквите вести треба да се земаат со резерва“, изјави Песков.

— реклама —

Во меѓувреме, Кина и натаму тврди дека има неутрален став кон војната во Украина и се претставува како можен мировен посредник.

— реклама —

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин неделава во Кина разговараа и за мировните напори поврзани со конфликтот во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Москва за најавите од Иран: Не се согласуваме, очекуваме објаснување

Свет | пред 5 дена

— реклама —
kremlj-moskva

Песков по оставката на Вучиќ: Односите Русија-Србија се далеку поважни од односите со поединци

Свет | пред 6 дена

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Русија очекува укинување на санкциите за извоз на енергенси

Свет | пред 1 седмица

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Песков: Наместо руски гас, Германија купува поскапи енергенси

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања