Промени тема
Контакт

Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени на суд, Мицкоски да поднесе оставка, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6

По признанието на врхушката на партијата тогаш на чело со бегалецот Никола Груевски дека дејствувале како злосторничко здружение во Титаник, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка, вели СДСМ

„11 години државата ја држеа заробена во изолација со наместени избори, заробени институции, масовно прислушување, урнисан правосуден систем, партизирана полиција и богатење со парите на граѓаните.

— реклама —

Покрај признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПНЕ за нивните криминали, судовите докажаа дека злоупотребувале служебана положба, фалсификувале документи, местеле тендери во РЕК, дека преку фирми на нивни партиски послушници се затајувал данок, се уништувале докази од кои дел се однесувале на незаконско прислушување.

— реклама —

Затоа немало пари за повисоки плати и пензии, за повисоки минимални плати за граѓаните.

— реклама —

Мицкоски не може да избега од вистината и одговорноста и веднаш да поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања