Промени тема
Контакт

Криминалот на власта ќе го плаќа народот преку поскапа струја, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja

„Власта се подготвува за покачување на цената на струјата од над 20%, неизвесно кога ќе се активира и ТЕЦ Неготино. Според информациите кои излегоа во јавноста, а власта не ги демантираше изречно АД ЕЛЕМ побарало покачување на струјата од над 20%, а дополнително се чека и на МЕПСО. Според едноставни пресметки во најдобар случај со оваа влада на чело на државата од јануари, граѓанин кој плаќал 3000 денари струја, ќе треба да плати минимум 3600 денари. Само за струја ќе треба да се одвојува нешто повеќе од 1/5 од минималната плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Покачување од 20% или повеќе ќе биде тежок удар за народот. Власта не направи ништо да го спречи струјниот ценовен шок. Власта не ја активираше навремено ТЕЦ Неготино, ниту пак ископа јаглен во РЕК Битола кога требаше са се копа, се потроши водата од хидроакумулациите и државата се остави без ресурси. Во РЕК Битола не се копаше јаглен затоа што парите се трошеа на тендери за транспорт и други непродуктивни работи. Со вака неспремен енергетски сектор катастрофата која што може да ни се случи може да биде уште поголема. Затоа СДСМ не е решение, бидејќи тие се проблемот и треба да си заминат“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања