Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување, на социјалните мрежи вели „Се надевам дека дел од јавноста ќе здивне и ќе почуствува задоволство бидејќи успеа преку притисок и хистерија да натера човек да направи потег кој е штетен за себе“.
„Во изминативе неколку дена јас и мојата фамилија бевме мета на јавни прозивки упатени во врска со моето вработување во Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Со чиста совест тврдам дека сите критериуми кои беа поставени во јавниот оглас за времено вработување во АСО на 12 месеци како соработник за супервизија на осигурување, ги исполнувам во потполност. Бев повикан на интервју, а бидејќи немаше други пријавени кандидати на јавниот оглас за вработување како единствен пријавен кандидат кој ги исполнува условите за времено вработување, бев вработен“, пишува Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски.
Тој уште додава дека се надева дека сега барем дел од јавноста ќе можат да здивнат.