„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кривичен: Обвинителниот акт за несреќата во Кочани сè уште во фаза на оцена, пристигнати 40 приговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
sud-krivicen

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и права на странките мора да бидат почитувани за да не се загрози процесот.

— реклама —

-Обвинителниот акт КООА 155/25 е во фаза на оцена пред Совет за оцена на обвинителен акт. До овој момент до судот доставени се 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои веќе се експедираат на надлежното јавно обвинителство. Примените приговори се во фаза на анализа од советот за оцена по што треба да биде донесена одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени.

Како што посочивме и во соопштението од 18.07.2025 година, станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и судот ги презема сите Законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките. Заради појаснување на медиумите, но и на целокупната јавност како пример ќе посочиме други обвинителни кати кои се однесувале на 30 и повеќе обвинети лица па така:

— реклама —

Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 год.,

Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 год.,

Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27 ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 год.

Односно предмети кои биле и со помал број на обвинети лица, а бил оценувани вон судска ферија и годишни одмори кои ги користат адвокатите, потребни биле околу 3 месеци за нивна оцена.

Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но Законодавецот предвидел прецизни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да ја компромитираат судскиот процес, се наведува во соопштението на судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања