Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Кривична постапка за „Јужна пруга“: објектот работел и покрај службена забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarykrdfi0qnvoog3esX0qx

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „симнување и оштетување на службен печат или знак“ од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот е сопственик и управител на угостителскиот објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој претходно му била изречена забрана за вршење на дејност. Забраната била донесена со решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром и истата била јавно истакната на влезната врата од објектот.

— реклама —

И покрај тоа, осомничениот го отстранил решението, а при последователна инспекциска контрола било утврдено дека угостителскиот објект продолжил со работа и дека во него имало присутни гости, иако дејноста била формално забранета.

Од Обвинителството наведуваат дека со ваквото постапување, осомничениот свесно продолжил да врши угостителска дејност без да ги исполнува законските услови, со што манифестирал непочитување на службените акти и директно ја нарушил службената функција на издаденото решение. Со тоа, според обвинителството, било попречено и нормалното функционирање на државните и јавните институции.

— реклама —

Поради основаното сомнение дека со симнувањето на службениот знак е исполнето битието на кривичното дело, јавниот обвинител побарал од надлежниот суд да изрече мерка на претпазливост за време на кривичната постапка. Конкретно, предложено е да се изрече забрана осомничениот да врши дејност за давање угостителски услуги, како и целосно да се спроведе решението донесено од надлежните инспекциски служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 месец

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 месец

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања