Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кривична пријава доби приватната болница Санте Плус, исплатени над 500.000 евра во кеш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
sante-plus-1-777x421-1

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје“, како и против правниот субјект, соопштија од УФП.

— реклама —

-Прво пријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа, во повеќе наврати извршила исплата на парични средства „во готово” во вкупен износ од 35.097.304 денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата на поголем број физички лица кои биле работно ангажирани за потребите на пријавената здравствена установа, без при тоа таквите исплати да ги евидентира во сметководствената евиденција на приватната здравствена установа САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје и без при тоа да пресмета, пријави и плати придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжително здравствено осигурување, придонеси за вработување и дополнителни придонеси за задолжително осигурување во случај на повреда или професионално заболување, како и персонален данок од доход, со што е причинета штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 11.609.349 денари, велат од УФП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања