„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кривична пријава против Костадин Костадинов: Тој и уште пет лица направиле злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycpkqik9doup57lZORsb
FB

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Пријавениот К.К., во својство на поранешен градоначалник на општина Струмица, ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ од Струмица со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Исто така, пријавениот К.К. свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси.

Пријавениот Д.П.С., во својство на директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, постапил несовесно и пропуштил должен надзор над целокупната постапка и имплементација на јавната набавка, при што на 12.03.2024 го потпишал Договорот за јавна набавка на 10 нови електрични автобуси преку финансиски лизинг, во која постапка учествувало лице кое ги немало потребните стручни квалификации и потребната лиценца за надзор од областа на електротехниката.

— реклама —

Пријавената К.Б., во својство на претседател на комисијата за јавни набавки при ЈСП „Струмица-Транспорт“, заедно со пријавените Л.Ј. и Л.Ѓ., во својство на членови на комисијата за јавни набавки, во тендерската документација за отворената постапка за јавна набавка на електрични автобуси за јавен превоз преку финансиски лизинг за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“, како одговорно лице задолжено за следење на реализацијата на договорот го определиле пријавениот Г.П., кој бил носител само на лиценца Б за надзор од областа на електротехниката, не бил квалификуван за тие работни задачи во предметната јавна набавка, немал ниту право да одговара на технички прашања, да учествува во техничката евалуацијата на понудите, да врши надзор над имплементацијата и целосната реализација на договорот.

Со наведените дејствија биле набавени 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери, а со отсуството на лице со неопходните стручни квалификации и со потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените електрични автобуси.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Нова кривична пријава против ексградоначалникот Костадин Костадинов за штета од над 668 илјади денари

Македонија | пред 1 седмица

kostadinov

Костадинов: „Проектот со електричните автобуси е законски спроведен – целосно ги отфрлам обвиненијата“

Македонија | пред 3 седмици

media-library1atnt0iucfcgcBJzRkI

„СДСМ не е целосно згасната партија, но мора да помине сериозен филтер“, порача Костадин Костадинов

Македонија | пред 1 месец

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Коста Костадинов: „На Филипче ќе му простам и сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања