Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична пријава против поранешен градоначалник и службено лице за злоупотреба на службена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryv7q5rujmkr1q1Znsmv8

МВР информира дека на 17.04.2026 година Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против две лица од Скопје за злоупотреба на службена положба и овластување.

— реклама —

Се наведува дека З.Д. (61), во својство на овластено службено лице, со овластување од градоначалник на Град Скопје да потпишува акти, овозможил на правен субјект од село Крушопек да се стекне со противправна имотна корист од 3.224.064 денари. Тој, иако знаел дека надлежноста за издавање на соодветното решение е кај Општина Сарај, издал решение за режим на сообраќај, врз основа на кое била овозможена и активност на правниот субјект.

— реклама —
— реклама —

Во вториот случај, Б.Б. (49), во својство на градоначалник на Општина Сарај, е пријавен дека во периодот од октомври 2022 до март 2023 година донел решенија поврзани со режим на сообраќај без соодветна проверка на усогласеноста со урбанистичкиот план. Со тоа, како што се наведува, му овозможил на истиот правен субјект да се стекне со противправна имотна корист од 42.851.205 денари.

— реклама —

Од МВР информираат дека против пријавените се поднесени кривични пријави и се преземаат понатамошни мерки по случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 6 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања