Промени тема
Контакт

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-policaec-35

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.

— реклама —
— реклама —

Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција" во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryk59j43mqli1b5ldfn3Z

МВР објасни зошто има гужва на Табановце: Странците ги плаќаат и старите прекршоци уловени со „Сејф сити“, а не само оние од денеска

Македонија | пред 2 часа

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Лажни евра, накит и златници пронајдени при претрес во Велес, две лица се стекнале со противправна имотна корист од 5.500 евра

Македонија | пред 7 часа

media-library4odqdbcfos6c9CSpvQW

Недоразбирање прераснало во физичка пресметка во Сингелиќ: употребени кундак од пиштол и метален предмет

Македонија | пред 9 часа

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Бронзена биста украдена од гробно место во Бутел

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања