Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична пријава против вработен во Управа за имотно-правни работи за злоупотреба и фалсификати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6fi4qcitrub7briD3Ns

МВР соопшти дека СВР Куманово поднело кривична пријава против Р.А. (45) од Куманово, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.

— реклама —

Според МВР, пријавениот овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во корист на Д.Б. и Н.А.А., со што, како што се наведува, било нарушено работењето на управната постапка и овозможено стекнување државен имот без правен основ.

— реклама —

Во предметите, како што се посочува, била утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, при што решенијата биле издадени на лица различни од оние заведени во службените евиденции.

Дополнително се наведува дека документацијата не била соодветно евидентирана, содржела контрадикторни податоци, а дел од неа не била достапна, што создава сомнежи за нејзино прикривање или уништување.

— реклама —

Според МВР, во решенијата биле внесувани невистинити податоци и наведени непостоечки записници, а не било известено ниту Државното правобранителство, иако тоа е законска обврска.

— реклама —

Се додава дека со ваквото постапување е овозможено противправно стекнување на државен имот и е нарушена законитоста на управната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 6 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања