Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Кривична пријава за едно лице од Шишево поради загрозување на животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mvr-1

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.С. од с. Шишево, општина Сарај и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, во својство на сопственик на пријавеното правно лице, во периодот од крајот на мај и почетокот на јуни 2020 година преку правното лице организирал транспорт на повеќе поврзани пратки на отпад (градежен шут и смет) од Инфективната болница при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје до локација на втора заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец" во општина Карпош.

— реклама —

Тој отпад заедно со веќе постоечкиот затекнат на дивата нелегална депонија, спротивно на прописите за заштита на животната средина и спротивно на прописите и одредбите од Елаборатот-Експертизата за заштита на бунарската зона „Нерези-Лепенец" и без поседување на дозвола, бил закопан под површината на земјата, со што го сторил кривичното дело.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања