Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кривична пријава за ексградоначалникот на Чашка, незаконски исплаќал бонуси и плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarymlchfi4bi00p7LRAPw7

СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против Г.С. (47) од Чашка, поранешен градоначалник, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Според пријавата, во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С., како градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка им исплатил плата за кариера кај државен службеник, иако тие не ги исполнувале условите за тоа. Додека на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил исплата на бонус плата, иако условите не биле исполнети.

— реклама —

Со своите дејствија, пријавениот овозможил на вработените да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општината во износ од 725.562 денари. Исто така, за позиција која веќе била пополнета, Г.С. издал решение за работното место на друг вработен, спротивно на актот за систематизација.

По целосно документирање на случајот, против поранешниот градоначалник ќе следува соодветна кривична пријава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања