Промени тема
Контакт

Кривична пријава за скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографијa

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
detska-pornografija-1

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело - “производство и дистрибуција на детска порнографија“ по  член 193-а предвидено и казниво според КЗ на РСМ. Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело - “производство  и дистрибуција на детска порнографија“.

— реклама —

Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси. Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице.

— реклама —
— реклама —

Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на  ИП адресата и по претходно обезбедена судска Наредба за претрес на дом издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот при што е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а беа запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања