Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кривична пријава за сопственик на „Школка“ од Демир Капија – оштетен буџетот за над 25 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-19-8240PM

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против лицето Т. З., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Намерно предизвикување стечај“, согласно член 254 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

— реклама —

Пријавениот Т.З. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ШКОЛКА ДООЕЛ Демир Капија, свесно и со умисла, а по добиени насоки, напатствија и совети и во заеднички договор со управителот на правното лице ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија - Александрос Манасидис, на ден 01.06.2022 година го основал правниот субјект ШКОЛКА ДООЕЛ Демир Капија, го ставил на располагање истиот како средство за извршување на кривичното дело НАМЕРНО ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ СТЕЧАЈ по член 254 од Кривичниот законик на РСМ, на начин што преку ШКОЛКА ДООЕЛ Демир Капија го презел целокупното деловно работење, како и сервисирањето на побарувањата и обврските во име и за сметка на ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија, освен обврските кон две физички лица – Д.Т. и З.Б. и едно јавно претпријатие - ЈПКР БОШАВА ЦО Демир Капија, на кој начин првопријавениот овозможил, по поднесен предлог од страна на наведените лица, во својство на доверители, на ден 02.10.2024 година над ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија да биде отворена стечајна постапка, и притоа со таквиот начин на постапување, првопријавениот Т.З оневозможил Управата за јавни приходи од ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија, по основ на Решение за присилна наплата на парични побарувања спрема должникот ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија, да наплати побарувања по основ на даноци во вкупен износ од 24.855.579 денари, од кои 20.452.000 денари данок на додадена вредност и 4.403.579 денари персонален данок на доход, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ.

Дополнително, првопријавениот Т. З. , во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ШКОЛКА ДООЕЛ Демир Капија, од деловното работење на правниот субјект присвоил парични средства во вкупен износ од 4.145.899 денари од дневниот промет на правниот субјект, за кои средства, во сметководствената евиденција не пресметал, не евидентирал и не уплатил персонален данок на доход во износ од 460.609 денари по стапка од 11.11% и данок на добивка во износ од 414.590 денари по стапка од 10%, на кој начин пријавениот го оштетил Буџетот на РСМ по основ на даноци за вкупен износ од 875.199 денари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynapdibrlcd886I6mBbz

(Видео) Опасност во детската градинка во Гевгелија: Силен ветер ги крена лимовите од кровот

Македонија | пред 6 дена

media-libraryb6v3i0mnsqk5eMYem7y

(Фото) Одлета лимена конструкција од кров на училиште во Гевгелија

Македонија | пред 6 дена

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Најмногу дожд во Гевгелија: 23 литри дожд по квадратен метар

Македонија | пред 1 седмица

media-library7ea256g8ve0i8uE8T4a

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања