Промени тема
Контакт

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“.

На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумска полиција Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација, по што со возилата биле одземени.

— реклама —

Во службен разговор во полициска станица, лицата кои ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т.М. – вработен како референт за дотур и сеча вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница Беласица Струмица, за што требале да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.

— реклама —

Исто така на 03.03.2024, пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две лица од струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на Т.М.требале да му дадат по 12.000,оо денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и во село Банско, биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел биле нежигосани. Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.

— реклама —

Со ваквите дејствија, пријавениот предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ - подружница „Беласица“ Струмица во висина од 186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library854ovto3khvkaTZCBIY

Полицијата приведе 19 возачи: 10 биле пијани, а осум без возачка дозвола

Македонија | пред 39 минути

— реклама —
101013308-147590

17-годишна девојка загина во сообраќајка кај Битола, четворица тешко повредени

Македонија | пред 2 часа

media-librarysfb0mrdknnhr8ORrY5B

Швајцарка уапсена во Куманово, попречувала полицајци при службени дејствија

Македонија | пред 2 часа

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Пијан Мексиканец уапсен во Ѓорче Петров: Нападнал полицаец со тврд предмет

Скопје | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања