Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Кривична против ексначалник поради бонус плата на вработен, кој повеќе од 21 ден отсуствувал од работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ.

Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

— реклама —

Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kazni-policija-policaec

Возеле без возачка, дел од нив предизвикале и сообраќајки: девет лица приведени

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Скопјанец тврди дека бил киднапиран и претепан, завршил со тешки повреди: МВР истражува сериозен инцидент

Скопје | пред 12 часа

idrizovo-ambulanta

Затвореник тешко повреден по тепачка во Идризово

Македонија | пред 12 часа

media-librarysgbaojslhe01foWxBzm

Скопјанец пријавил дека неговиот 10-годишен син бил нападнат на игралиште во Ѓорче Петров

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања