Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кривична против скопски градоначалник, пет вработени во општината и една фирма за незаконска легализација на тениски игралишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
461416129_841197604857435_5593281593465680408_n

Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —
— реклама —

Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација - тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект.

— реклама —
— реклама —

На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

80-годишен жител на Чегране приведен по пријава дека се заканувал со остар предмет и оштетил автомобил

Македонија | пред 1 час

media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Се обидел да спречи тепачка меѓу двајца возачи, па бил нападнат

Македонија | пред 1 час

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Ќерка го нападнала татко ѝ со дрвен предмет

Македонија | пред 1 час

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Приведен 46-годишен гостиварец, физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања