„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Кривична против Тодоров и Кралев, осомничени се дека го оштетиле Буџетот за 80.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
nikola-todorov

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев и против И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра, пишува Фокус.

„МОН во текот на 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со изведувачот ‘Конструктор инжинеринг’ АД Сплит за реконструкција и адаптација на Домот на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии. Првопријавениот Н.Т. како министер за образование и наука имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити Буџетот на МОН. Второпријавениот И.Е. како советник за капитално инвестирање имал обврска, согласно условите и роковите наведени во договорот, да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за образование и наука за текот на изведбата како и за сите настанати проблеми при изведбата. Пријавените и покрај тоа што биле свесни и запознаени за ненавременото извршување на работите од страна на изведувачот во текот на 2009 година не презеле активности за активирање и наплата како и не побарале продолжување на рокот за важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања