Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична за бесправно градење кај Неготино: Ископале канал и поставиле кабли без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl
Илустрација / Скопје1

Министерство за внатрешни работи соопшти дека ОВР Неготино поднело кривична пријава против правно лице од Скопје, австриски државјанин со иницијали В.М. како одговорно лице во компанијата и Р.М. (52) од Гевгелија, раководител на подружница во Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 13 мај 2026 година полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, заедно со градежен инспектор од Општина Неготино, утврдиле дека пријавените извршиле ископ на канал во должина од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на потегот од селото Пепелиште кон селото Војшанци.

— реклама —

Како што наведуваат од МВР, градежните активности биле започнати пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платен надоместокот за уредување градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и пред да биде издадено одобрение за градба.

— реклама —

Инвеститорот претходно поднел барање до Општина Неготино, но постапката не била завршена во моментот кога започнале работите на терен.

— реклама —

Со ваквото постапување, според полицијата, била предизвикана штета на буџетот на Општина Неготино во висина од над 1,5 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 11 минута

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 12 минути

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 13 минути

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Пет малолетници нападнале момче пред училиште во Рашче, му нанеле тешки телесни повреди

Македонија | пред 13 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања