Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Кривична за Блерим Беџети и вработени во Сарај и Град Скопје - ги сомничат за злоупотреби со градежни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против девет лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, поранешни секретари, раководители на сектори и еден надзорен инженер.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги, според членовите 353, 353-в и 280 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите на Финансиската полиција, во групата се наоѓаат и поранешните секретари на Општина Сарај – С.Ш. и Ќ.К., раководителите на секторот за урбанизам А.С. и Ќ.А., помладиот соработник А.Ш., раководителот на секторот за планирање и уредување на просторот во Град Скопје И.Б.Ш., како и надзорниот инженер Љ.Т.

Финансиската полиција утврдила дека службените лица во Општина Сарај, иако знаеле дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај нема донесен детален урбанистички план, сепак изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина.

— реклама —

Дополнително, изработиле пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи. Надзорниот инженер, пак, спровел технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со лажни податоци, со што се овозможило незаконско користење на објектот.

— реклама —

Со ваквото постапување, како што наведува Управата за финансиска полиција, пријавените му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ од село Глумово – Сарај, да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.

Во соопштението се нагласува дека службените лица свесно ги пречекориле своите овластувања и извршиле акти спротивни на јавниот интерес и законските обврски.

— реклама —

Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство – Скопје, кое треба да ја утврди одговорноста на сите пријавени и да одлучи дали ќе отвори официјална истрага.

Од Финансиската полиција посочуваат дека предметот е резултат на долга финансиска и документациска анализа, а постојат сомнежи и за поширок систем на злоупотреби во урбанистичките оддели на Општина Сарај во изминатите години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Скопје | пред 7 месеци

— реклама —
finansiska-policija

Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор

Македонија | пред 9 месеци

finansiska-policija

Претреси во три општини, таргет се фирми осомничени за криење даноци и злосторничко здружување - се правеле злоупотреби со даноци за нафтени деривати?

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-19-8240PM

Кривична пријава за сопственик на „Школка“ од Демир Капија – оштетен буџетот за над 25 милиони денари

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања