Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кривична за началник во полициската станица во Кисела Вода: му направиле претрес и нашле муниција и солзавец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
policija-policaec

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања