Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Кривична за убиството на паркингот во Чаир: седум лица се инволвирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Habib-Bunaku-960x573-1

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место. По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила.

— реклама —

Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата.

Набргу , по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Тешко повреден мотоциклист по судир со дипломатско возило во Карпош

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Шест пријави за семејно насилство за 24 часа, пет лица завршија во притвор

Македонија | пред 23 часа

media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Возел со 1,54 промили алкохол, уапсен велешанец

Македонија | пред 23 часа

media-library8j9bpqbma51r9sUL9EJ

Кривична за бесправна сеча во Радовишко: Уништени 261 дабови дрвја

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања