Промени тема
Контакт

Кривични пријави за 10 лица, не ги почитувале ковид мерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
w_55950498

СВР Штип, СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Струмица поднесоа кривични пријави против Е.Б.(30) од с.Лешница - Кичево, С.М. (41) од с. Страјане – Гостивар, Е.П. (41) од с. Оризари – Кочани, С.Х.(26) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. При контрола на полициски службеници, пријавените не биле затекнати во своите домовои и покрај тоа што имале решенија за изолација во домашни услови издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

— реклама —
— реклама —

СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.К.(25) и А.К.(31), двајцата од Куманово, Е.М.(32), А.О.(20), М.А.(36), тројцата од Струмица и С.Р.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здраствените прописи за време на епидемијата“. Пријавените, кои имале решенија за домашна изолација, при контрола од полициски службеници, на излез од државата на Граничен премин Табановце покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања