Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кривични пријави за девет лица кои не ги почитувале ковид мерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-3-640x382

СВР Куманово поднесе кривични пријави против Б.Р.(44), Ш.А.(27), И.М.(36), Б.И.(25), В.В.(44), сите од Куманово и А.А.(44) од општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во периодот од 16.04.2021 до 29.04.2021, пријавените биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за движење за време на забрана за движење на населението.

— реклама —

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.11.2021, полициски службеници го затекнале пријавениот надвор од местото на изолација и покрај тоа што имал решение за изолација во домашни услови.

— реклама —
— реклама —

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.М.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.06.2021 полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи без да поседува дозвола за движење за време на забрана за движење на населението.

— реклама —

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Е.А.(23) од с.Прегово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, и покрај тоа што имал решение за изолација во домашни услови, го напуштил местото на изолација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања