Промени тема
Контакт

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Владата на вчерашната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари.

Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.

— реклама —

Како што соопшти Владата, одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.

Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа треба да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции.

— реклама —

Истовремено, Владата ги задолжи сите органи на државната управа да постапуваат согласно прописите за управување со кризи и целосно да ги стават на располагање своите капацитети за навремена и ефикасна реакција на терен.

— реклама —

Од Владата посочуваат дека со оваа одлука се потврдува определбата за проактивно дејствување, целосна мобилизација на институциите и координиран одговор за заштита на граѓаните, животната средина и националните ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 6 дена

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања