Промени тема
Контакт

Крмов: Тоа што го поднесовме законот за минимална плата беше главен катализатор и се изврши клучниот притисок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Законот за минимална плата ССМ го достави до Собранието на 17 декември, кој Левица потоа го поднесе. Владата да имаше волја, ќе го донесеше тој закон досега. Тоа што ние го поднесовме сметам дека беше главен катализатор и се изврши клучниот притисок за да се дојде до некој договор, вели пратеникот Борислав Крмов за предлог- решението на Владата за минимална плата.

Тој вели дека договорот ја илустрира слабоста и анемичноста на работничкото движење, кое очигледно не може да се избори за вистински реформи и за вистински права на работниците - и успева да добие само вакви половични решенија.

— реклама —

„Оваа власт не отстапува од политиката која претходно ја водеше и премиерот Заев. Ние имаме ситуација каде КАПИТАЛОТ е целосно заштитен. Во добри времиња, профитите остануваат приватни - додека загубите на капиталистите во вакви кризни времиња стануваат јавни и сите ќе мораме да го носиме бремето.

— реклама —

Зголемувањето на минималната плата нема да падне на трошок на работодавачите, туку ќе падне на трошок на буџетот. Ние имаме една ситуација на социјализам за богатите и див капитализам за богатите.

— реклама —

Но, во ваква економска и енергетска криза, Левица ќе го поддржи предлог-законот од Владата што ќе стигне, во било која форма, затоа што во вакви кризни времиња нема простор за политички дебати.", вели Крмов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања