Општина Крушево започна со изработка на техничка документација за реконструкција на подрачните училишта во населените места Врбоец и Алданци. По изработката општината ќе отпочне со изнаоѓање на фондови и финансиски средства за целосна имплементација.
„Се подготвуваме за изработка на основни проекти за реконструкција на подрачните училишта во населените места Врбоец и Алданци. По изработка на проектите ќе аплицираме за финансиски средства.
Образованието е слика на развојот на една општина. Нпредокот е наша обврска“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Тековно општина Крушево работи реконструкција на салата и кровната конструкција во ООУ „Никола Карев“, Крушево, а во тек се процедури за отпочнување со реконструкција на училиштата во селата Бучин и Пресил.